Над 900 невработени ќе добијат можност за самовработување со почнување свој бизнис преку Програмата за самовработување за која може да се аплицира од вчера. Огласот е за 960 лица, ќе трае до 10 март и на него може да се пријават невработени кои активно бараат работа и се евидентирани во Агенцијата за вработување. Тое ќе добијат обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистирање дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјал и менторство во тек на почнување на бизнисот. Целта е да се даде поддршка на невработените за основање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка неформална дејност и создавање дополнителни вработувања.
Над 900 невработени ќе добијат можност за самовработување со почнување свој бизнис преку Програмата за самовработување за која може да се аплицира од вчера. Огласот е за 960 лица, ќе трае до 10 март и на него може да се пријават невработени кои активно бараат работа и се евидентирани во Агенцијата за вработување.
Тое ќе добијат обука за претприемништво, помош при развивање одржлив бизнис план и регистирање дејност, неповратни грантови во форма на опрема и материјал и менторство во тек на почнување на бизнисот. Целта е да се даде поддршка на невработените за основање сопствена фирма, формализирање на веќе постоечка неформална дејност и создавање дополнителни вработувања.
За Програмата за самовработување, што АВРМ ја спроведува со поддршка на Канцеларијата на УНДП, за годинава од државниот Буџет се одвоени 202 милиони денари.
„Во изминатите осум години 6.700 лица успеале да отворат сопствен бизнис и да се самовработат. Една третина од нив се млади, а една третина се жени. Само лани во рамки на програмата се основани 940 мали бизниси, што претставува 14 проценти од вкупниот број нови бизниси отворени во минатата година“, рече денеска Луиза Винтон, постојан претставник на канцеларијата на УНДП.
Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, заклучно со 2013 година 73 проценти од започнатите бизниси преку самовработување се активни, ги подмируваат редовно давачките и остваруваат профит.
„Фирмите што останале да работат вработиле дополнителни нови луѓе, така што бројката изнесува над 5.800. Тоа е показател дека дел од фирмите згаснале, но добар дел останеле“, наведе Поповски.
За програмата за самовработување може да се аплицира во 30-те центри за вработување низ државава. Од годинава нема да се пополнуваат хартиени формулари за аплицирање, туку директно во системот со помош на советници од Агенцијата за вработување.